5 C
Skopje
четврток, април 15, 2021
spot_img

ДУБАИ Е ПРЕСТОЛНИНА НА СЕ*С ТУРИЗМОТ

Емиратот Дубаи, со десетици илјади проститутки кои работат во него, стана првокласна дестинација за сексуален туризам на Блискиот исток за голем број странски туристи, пишува француски „Le Mondе“.

Овој емират е дом на голем број странци кои работат на многу ниски и многу високо платени работни места, но секоја година тие исто така примаат голем број туристи, па само во 2019 година привлече околу 19 милиони посетители од странство.

Имајќи предвид дека проституцијата официјално е забранета во ОАЕ, но практично се толерира во Дубаи, овој град стана многу популарна дестинација за сексуални туристи од целиот свет, наведува францускиот весник.

Потрошувачка на алкохолни пијалоци е дозволена во хотели, барови, ресторани и ноќни клубови кои имаат посебни дозволи, иако е забрането на јавни места.

Сексуалните работници најчесто можат да се најдат во такви угостителски објекти каде што им приоѓаат на клиентите, преговараат со нив за цената, должината и видот на услугите што ги даваат.

Побогатите клиенти можат да организираат придружба 24/7, во текот на целата посета на Дубаи.

Постои и хиерархија според која проститутките од Кина, Филипини или Индија се најмалку ценети.

Сексуалните работници од Централна Азија наплаќаат повеќе за своите услуги, а најскапи се проститутките од Европа и арапските земји, кои ретко може да се видат на јавни места, пишува „Le Mondе“.

Се проценува дека во Дубаи работат меѓу 30.000 и 45.000 проститутки, а во 2017 година ООН го објави сведочењето на „сексуална робинка од Узбекистан“ која призна дека решила да се пријави во полиција со цел да се ослободи од „кошмарниот живот“ на сексуална работничка во Дубаи“.

Читај Следно

10,348FansLike
2,319SubscribersSubscribe

Најнови Вести