5 C
Skopje
четврток, април 15, 2021
spot_img

ДНЕВЕН ХОРОСКОП

ОВЕН

Не сте задоволни од ситуацијата на работа. Со колегите не успевате да најдете заеднички јазик, а работата се одвива забавено. Вљубени сте и задоволни од врската. Не сте свесни дека саканата личност не е сигурна во врската. Нервите се чувствителни.

БИК

Со цел да избегнете проблеми со колегите, свесно се прилагодувате и попуштате. Се посветувате на партнерот. Сакате повеќе време да минете заедно, но партнерот поради обврски не може да ви излезе во пресрет. Водете сметка околу исхраната.

БЛИЗНАЦИ

Во случај да сте приватник, ве очекуваат лоши резултати поради кои доаѓате до караница со колегите. Емотивно сте исполнети. Односот со партнерот спонтано се развива. Поради проблемите на работа, ќе бидете напнати.

РАК

Презадоволни сте од ситуацијата на работа. Работата одлично се развива и обемот на работа расте секојдневно. Воодушевени сте од врската. На другата страна одговора интензивен однос, баш како и вам. Стабилно здравје.

ЛАВ

Во случај да сте приватник, заминувате на службен пат и воспоставувате задоволувачки договор. Саканата личност точно знае како да се однесува кон вас, така што сте задоволни од врската. Болки во грбот.

ДЕВИЦА

Ако сте приватник, ќе имате обврски повеќе од обично. Среќа сте организирани па се одработувате на време. Не сте сигурни по прашање на врската, некои особини на партнерот ги обожавате, а некои ве излудуваат. Напнати сте и потребен ви е одмор.

ВАГА

И покрај почетниот оптимизам, работниот состанок не завршува онака како што сте очекувале и поради тоа не се чувствувате добро. Одличен ден за ново познанство. Во случај да дојде до врска, ќе биде на далечина. Можни проблеми со бешиката.

ШКОРПИЈА

Добивате работна понуда од пријател, но ја одбивате. Не сакате да ја мешата работната и приватната сфера. Саканата личност сака што повеќе време да мине со вас и вие и излегувате во пресрет. Наклонети сте кон повреди.

СТРЕЛЕЦ

Самоуверени сте и натпреварувачки расположени. Почнувате нов работен проект и сакате да се докажете. Врската нормално се развива, а со саканата личност минувате повеќе време заедно. Проблеми со гениталиите.

ЈАРЕЦ

Иако сте вредни и одговорни, во прилика на реализација на одредени планови ве очекуваат непланирани тешкотии. Односот со саканата личнот е стабилен и задоволувачки. Наклонети сте кон инфекции на дишните органи.

ВОДОЛИЈА

Имате погрешен однос кон работа. Некои мали пропусти и критики ги доживувате на емотивен, наместо на професионален начин. Преку работа запознавате личност која остава одличен впечаток. Претерувате со храна, особено со слаткото.

РИБИ

Имате оптимистичен став кон новиот проект кој го започнувате. Верувате во себе дека ќе постигнете успех. Ве очекува ново познанство. Додека вие сте заинтересирани, другата страна нема да го дели воодушевувањето. Видот е ослабен.

Читај Следно

10,348FansLike
2,319SubscribersSubscribe

Најнови Вести