11 C
Skopje
понеделник, април 19, 2021
spot_img

Ќе видиме ли снег во март!? Еве какво време не очекува

Времето ќе биде облачно со врнежи од дожд, а на планините и на повисоките места од снег. Врнежите повремено ќе преминуваат во снег и на некои пониски места, особено во утринските и ноќните часови. Врнежите ќе бидат пообилни во западните и северните делови (до понеделник наутро локално над 30 литри на метар квадратен), информира Управата за хидрометеоролошки работи.

Воздушниот притисок ќе се намали за повеќе од 10 мерни единици. Ќе дува слаб до умерен ветер, во југоисточните делови од југоисточен, а во останатите од североисточен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 0 до 5, а максималната ќе достигне од 2 до 9 степени.

Во Скопје времето ќе биде облачно со врнежи од дожд, кои кон крајот на денот и во текот на ноќта во делови од котлината ќе преминуваат во снег. Минималната температура ќе биде околу 2, а максималната ќе достигне само до 3 степени.

До утре ќе преовладува облачно време со врнежи од дожд, а на планините и на повисоките места од снег. Врнежите повремено ќе преминуваат во снег и на некои пониски места, особено во ноќните и утринските часови. До крајот на денот во понеделник на планините ќе се формира позначителна снежна покривка, а нова од околу 15 сантиметри ќе има и речиси насекаде во западните и североисточните делови. Мала снежна покривка до околу пет сантиметри ќе се формира и во скопската котлина.

Од утре до среда ќе дува повремено силен ветер од северен правец (локално и над 60 км/час). Од вторник ќе преовладува променливо облачно и студено време со ниски утрински температури, а во вторник и во среда кон крајот на денот на места ќе има услови за провејување на снег, посочуваат од УХМР.

Читај Следно

10,349FansLike
2,319SubscribersSubscribe

Најнови Вести