5 C
Skopje
четврток, април 15, 2021
spot_img

ТАЖНО: Роналдињо во тешка депресија, се препушти на алкохолот..

Легендарниот Роналдињо (40) е целосно посветен на алкохолот! Прославениот фудбалер падна во тешка депресија поради смртта на својата мајка Мигуелина, Елои Асис дос Сантос (71), која почина во болницата пред еден месец од компликации предизвикани од коронавирус!

За еден од најдобрите играчи на сите времиња, тоа беше многу тежок удар, па оттогаш тој се обидува да најде утеха во пиењето. Неговите блиски пријатели открија дека поранешниот ас на Пари Сен Жермен, Барселона и Милан се опива секој ден, и дека почнува да конзумира алкохол од раните утрински часови.

Освојувачот на титулата светски шампион со Бразил во 2002 година често организира забави, иако тоа е забрането во неговата земја поради епидемијата на COVID-19.

  • Роналдињо секој ден го започнува со вотка, џин и виски. Почнува да пие рано наутро и не застанува до доцна. Тој често организира корона забави. Пиеше алкохол претходно, не е спорно, но проблемот е во тоа што по смртта на неговата мајка, тој очигледно целосно ја изгуби контролата – изјавил неименуваниот пријател на Роналдињо за весникот „Extra“.

Соговорникот на бразилскиот весник вели дека она што најмногу го боли е што повеќето луѓе ја користат ситуацијата само за да поминат време со Роналдињо, но никој не се обидува навистина да му помогне.

  • Имаше и новогодишна забава, иако неговата мајка тогаш беше во болница. Неколку пријатели дојдоа од Рио де Жанеиро да бидат со него затоа што тој се чувствува многу осамен. Живее во вила, во раскош, но не е среќен. Роналдињо има големо срце, сака да им помага на сите, но има и такви кои само го искористуваат – објасни неговиот пријател.

Ова не е прва семејна трагедија што ја доживеал добитникот на Златната топка во 2005 година. Кога имал само осум години, неговиот татко Жоао де Асис Мореира се удавил во базенот, кој бил дел од нивната куќа во Порто Алегре.

Затоа, Бразилецот беше многу приврзан за неговата мајка, бидејќи таа практично сама ги воспитуваше него, нејзиниот постар брат Роберт и сестрата Дејзи.

Мигуелина порано била продавачка, иако по професија е медицинска сестра. Во декември минатата година беше хоспитализирана поради короната, веднаш беше ставена на интензивна нега, но почина на 20 февруари.

  • Мајка ми беше инспирација, сила и радост за сите што ја познаваа. Знам дека ќе продолжи да им дава светло на нашите животи засекогаш. Со силата што таа ни ја покажа, ќе го продолжиме патот – рече тогаш Роналдињо.

Читај Следно

10,348FansLike
2,319SubscribersSubscribe

Најнови Вести