14 C
Skopje
вторник, април 13, 2021
spot_img

ПОПУЛАРНАТА АНГЕЛИНА ОТКРИ ВО “ЖЕШКО СТОЛЧЕ” ДЕКА ЗНАЕ МАКЕДОНСКИ И ИМА ДВЕ ОМИЛЕНИ НАШИ ПЕЈАЧКИ (видео)

Една од најпопуларните млади пејачки ѕвезди од соседството Анџелина седна на „Жешкото столче“ и призна еден куп работи – дека знае македонски, дека има две омилени пејачки од кај нас, ама и дека се срами од првиот настап. Оваа симпатична девојка уште откри и дека кога била мала место микрофон во рацете држела далечинско и пеела и мислела дека е Шакира и Мадона.

– Пиле моје е песната која помина најдобро. После неа се помина, вели Анџелина и додава дека публиката не морала да ја запознава преку скандали, туку преку песните што сама си ги пишувала. Вели и дека ништо не направила на себе затоа што се плашела од операции.

– Па види го овој нос… Кога ќе ме видиш ќе сфатиш дека многу нешта треба да се средат, но ете јас некако си се прифатив себеси таква каква што сум и мислам дека нема потреба, вели Анџелина и признава дека најсекси маж и е актерот Вук Костиќ. Нема сума за која би влегла во реално шоу зашто таму мисли дека би се истепала. Ама нели се вели што не може со малку пари, може со малку повеќе, па…

– Но кога би ми понудиле неколку милиони, куќа со студио на плажа или некој остров и хеликоптер да си ги однесам кучињата може, вели оваа симпатична девојка пред која повеќе од сигурно е одлична кариера.

А што уште откри Анџелина погледнете во продолжение:

Читај Следно

10,347FansLike
2,319SubscribersSubscribe

Најнови Вести