14 C
Skopje
среда, април 14, 2021
spot_img

“БАМЛАНИВИМАБ” американски лек против Ковид-19

„Бамланивимаб“, скап биолошки лек базиран на антитела, кој го користеше и екс-американскиот претседател Доналд Трамп за победување на короната, го купи Србија и ќе биде спас за многумина кои имаат други сериозни болести покрај вирусот. Шефот на државата, Александар Вучиќ, посочи дека оваа ампула од 600 долари лечи 95 проценти и дека соседите купиле 1.800 од нив.

Zoran Todorović

Проф. Д-р Зоран Тодоровиќ, клинички фармаколог, за Курир објаснува дека „бамланивимаб“ е наменет за лесни и умерени случаеви на ковид 19, дека треба да спречи тешка форма на болеста и треба да се даде во првите седум до осум дена по појавата на симптомите, по што нема ефект, а дури може да има и контра-ефект. – Ова се моноклонални антитела, целно е произведен само за една мета – IgG антитела. Треба да го блокира С-протеинот, кој вирусот го врзува за клеточните рецептори. Наменет е за пациенти со висок ризик – дебели, пациенти со хронични бубрежни заболувања, дијабетичари, оние на имуносупресивна терапија, постари од 65 години или постари од 55 години со сериозни срцеви или белодробни заболувања и деца на возраст од 12 до 17 години кои имаат некои фактори на ризик – посочува проф. Тодоровиќ додава дека треба да се дава како инфузија, и да не се дава на пациенти кои се на кислород и со тешка форма на болеста.

Читај Следно

10,348FansLike
2,319SubscribersSubscribe

Најнови Вести