10 C
Skopje
четврток, април 15, 2021
spot_img

Србија договори нови 2 милиони вакцини од Кина

Србија потпиша договор со Синофарм за набавка на нови 2 милиони вакцини.  На потпишувањето присуствуваше и претседателот на Србија, Александар Вучиќ, заедно со амбасадорот на Народна Република Кина, Чен Бо.

Како што беше соопштено, Вучиќ разговарал преку видео врска со раководството на компанијата Синофарм за процесот на набавка на вакцини, изградбата на фабрика за кинески вакцини во Србија, како и за изградбата и опремата на српските болници.

Вучиќ се заблагодарил на претседателот на Кина Си Џинпинг, раководството на Комунистичката партија и претставниците на „Синофарм“ за помошта во снабдувањето со вакцини и изјавил дека најголемиот број српски граѓани биле вакцинирани со таа вакцина.

„Тој посочи дека српските експерти дале многу високо мислење за квалитетот и безбедноста на вакцината Синофарм“, се вели во соопштението.

Претседателот на групата Синофарм, Лиу Џингжен, изјавил дека се среќни затоа што можат да обезбедат поддршка на луѓето во Србија во борбата против вирусот. „Ја цениме довербата на граѓаните во нашиот производ“.

Читај Следно

10,348FansLike
2,319SubscribersSubscribe

Најнови Вести