10 C
Skopje
среда, април 14, 2021
spot_img

Жителите на Париз во голем број го напуштаат градот пред новата блокада (ВИДЕО)

Жителите на Париз во голем број го напуштаат градот пред новата блокада насочена кон запирање на зголемувањето на бројот на заболени од коронавирус, пишува „Guardian“.

Новите ограничувања, објавени од премиерот Жан Кастекс доцна во четвртокот, ќе стапат на сила на полноќ и ќе опфатат околу една третина од населението на земјата, вклучително и Париз и неколку други региони на север и југ.

Владата инсистираше на тоа дека новото едномесечно заклучување ќе биде ограничено од претходните два, со отворени училишта и неограничено време за вежбање на отворено.

Претседателот Емануел Макрон, исто така, денес инсистираше на тоа дека зборот „заклучување“ не е соодветен за да се опише стратегијата на владата.

Сепак, мерките со кои се забранува да го напушта парискиот регион, натераа многумина да го напуштат Париз и да се упатат кон области со полесни ограничувања, како што се Бретања, југозападниот брег на Атлантикот и Лион на југоисток.

Според Националните железници, возовите за тие дестинации сега се резервирани во целост откако претходниот петок имаа само 60-70 проценти исполнетост.

Читај Следно

10,348FansLike
2,319SubscribersSubscribe

Најнови Вести