Во голема акција на полицијата во струшко Велешта се уапсени синовите на Дилавер Бојку.
Според информациите едниот од браќата бил уапсен поради поседување на оружје, додека другиот се барал за казна 21 година затвор.
Во големата акција учествуваше специјалната единица Тигри.
Уапсените се синови на познатиот Дилавер Бојку кој беше ликвидиран во Струга среде бел ден на 14-ти август во 2017-та година.