10 C
Skopje
вторник, април 13, 2021
spot_img

Тотенхем не може туку така да го отпушти Жозе: Ќе мора да плати 40 милиони евра!

Тотенхем не може така лесно да се ослободи од Жозе Мурињо. И да сака да направи тренерска смена тоа нема да оди така лесно. Причините се финансиите. Во Англија се шпекулира дека доколку сопственикот Даниел Леви сака да му даде отказ на Португалецот ќе мора да му исплати комплетна компензација, а сумата може да достигне до 40 милиони евра.

Неговата огромна плата е проблем за Тотенхем. Ако го отпушти не може во целост да му исплати отштета. Португалецот има важечки договор со Тотенхем до 30 јуни 2023 година.

Тотенхем е далеку од Лигата на шампионите затоа што во Премиер лигата не му оди, а единствен спас на сезоната е трофејот во Лига купот. Тоа е шанса за „Спарс“ да стигнат до првиот трофеј по 2008 година.

sportmedia.mk

Читај Следно

10,348FansLike
2,319SubscribersSubscribe

Најнови Вести