6 C
Skopje
среда, април 14, 2021
spot_img

СТРАШНО: Шест мртви и 81 исчезнати во Кина

Невремето што пред неколку дена го покри Пекинг со кафено-портокалова боја не било песок, односно оној што пренесува честички од песок, туку била бура од прашина. Оваа разлика е важна затоа што големината на честичките игра голема улога кога станува збор за здравјето на населението.

Зрната песок се поголеми од 0,06 мм, а честичките од прашина се помали, полесни и можат да патуваат многу подалеку, односно ветерот може да ги разнесе низ целиот свет.

Честички помали од 10 микрометри, а особено оние помали од 2,5 микрометри, претставуваат сериозна закана за здравјето на луѓето, бидејќи тие се доволно мали за да завршат во белите дробови.

  • Одговорот на прашањето што ги предизвикува денешните бури од прав е сложен и веројатно е комбинација од неколку фактори, смета геологот Мет Телфер во списанието „Conversation“.

Во една неодамнешна студија, научниците анализирале колку различните социјални системи и климатските промени во Кина влијаеле на фреквенцијата на бури од прашина во последните 2000 години. Откриле дека зголемувањето на бројот на бури се совпаѓа со зголемувањето на населението и зајакнувањето на циркулацијата на азиските монсуни.

Интересно е што зачестеноста на ваквите бури се зголеми за време на периодот на обилни дождови, бидејќи во тој период населението се развиваше побрзо и се користеше поголема земјоделска површина.

Друг фактор што влијае на појава на бури од прав е од природно потекло. На пример, ретко населената депресија на Бодела во Сахара е најголемиот извор на атмосферска прашина во светот, и покрај неговата скромна големина. Причината за тоа се сувите услови во пустината, површините на ситните седименти и блиските планини кои го насочуваат ветрот во таа област.

Читај Следно

10,348FansLike
2,319SubscribersSubscribe

Најнови Вести