6 C
Skopje
четврток, април 15, 2021
spot_img

СКАНДАЛОЗНО! Анџелина Џоли јавно ќе објави докази против Бред Пит за семејно насилство (фото)

Анџелина Џоли, наводно, е подготвена да сведочи во врска со обвинувањата за семејно насилство што се случиле за време на нејзиниот развод со Бред Пит.

Од објавувањето на разделбата на оваа двојка во 2016 година, Џоли и Пит учествуваат во постапката за развод во која ќе се утврди старателството и ќе се решат „имотните спорови“.

Според судските документи до кои дојде „The Blast“, Џоли доставила бројни документи во кои наведува дека е подготвена да обезбеди „докази за поддршка“ на наводното насилно однесување на Пит за време на нивниот брак, според „Independent“.

Џоли и Пит првпат започнаа да излегуваат во 2004 година на снимањето на филмот „Mr. & Mrs. Smith“, а се венчаа во 2014 година.

Џоли поднесе барање за развод две години подоцна, наведувајќи ги „непомирливите разлики“.

Ѕвездата на филмот „Maleficent“ во неколку интервјуа изјави дека разделбата е во корист на нивното семејство.

Во текот на 2016 година, неколку медиуми известуваа за наводен инцидент со Пит и неговиот тогаш 15-годишен син Медокс во семеен приватен авион.

Извор близок до Пит за „People“ изјавил дека актерот на „Fight Club“ бил „пијан и имало расправија меѓу него и Анџелина“.

  • Имаше расправија меѓу родителите и детето, која не беше обработена на вистински начин и ескалираше повеќе отколку што требаше, изјавил тогаш изворот.

Според „The Cut“, Министерството за деца и семејни услуги на округот Лос Анџелес започна истрага против Пит во тоа време. На крајот била отфрлена, а Пит беше ослободен од обвинение за какво било злосторство. Во август минатата година, според агенцијата „АП“, Џоли побара замена на судија кој ја води постапката за развод, бидејќи тој не ги открил неговите минати деловни врски со еден од сегашните адвокати на Пит.

Читај Следно

10,348FansLike
2,319SubscribersSubscribe

Најнови Вести