6 C
Skopje
четврток, април 15, 2021
spot_img

Се jави и Мамиќ: Господ гледа се, Господ вечерва го награди секој кој го сака Динамо

Во епската победа на Динамо над Тотенхем во реванш-осминафиналето на Лига Европа и пласманот во следната фаза, се огласи и поранешниот прв човек на клубот од „Максимир“ Здравко Мамиќ. Контроверзниот бизнисмен е еден од најзаслужните за тоа што е Динамо сега. Инаку Мамиќ живее во Меѓугорје каде што побегна откако во Хрватска беше распишана потерница поради финансиски малверзации. Тој вечерва не можеше да ги сокрие емоциите.

Вечерва плачам од среќа, а со мене плачат сите кои го сакаат спортот во Хрватска, Европа и светот. Вечерва една јуначка екипа, јуначки тренерски штаб и една јуначка организација му покажа на светот од што се направени. Господ знае се, Господ гледа се, а вечерва Господ го награди секој човек кој го сака Динамо, секој играч, секој вработен и секоја личност која даде дел од себе за овој успех и покрај сите кои нѐ напаѓаа, саботираа и сакаа да нѐ уништат. Вечерва Динамо слави, а славете и вие“, напиша Мамиќ на Фејсбук.

Читај Следно

10,348FansLike
2,319SubscribersSubscribe

Најнови Вести