11 C
Skopje
среда, април 14, 2021
spot_img

ПОДГОТВЕТЕ СЕ! ДОСЕГА НЕВИДЕНО ВО МАКЕДОНИЈА! МЕДИА.МК И СТЕФАН ЛАЗАРОВ СО ЗАЕДНИЧКИ ПРОЕКТ – “ЛАЗАРОВ ШОУ”

Ни претставува особена чест и задоволство да ви ја најавиме соработката на медиа.мк со најдобриот млад водител и најпопуларен јутубер во Македонија, Стефан Лазаров.

Неговата медиумска кариера започна сосема неочекувано, а за краток период ги освои симпатиите на јавноста најпрво со емисијата “Ексклузив” на  “1ТВ”, а потоа и како водител на утринската програма на ТВ Алфа. Стефан одлучи да го напушти телевизискиот простор и започна нова авантура со свој јутјуб канал.

Повторно за краток период и со оргинална содржина ја освои “титулата” најдобар јутубер. Секојдневните авантури, пранкови и емисијата “Carpool Karaoke” ја држи македонската публика активна на неговиот јутјуб канал.

Медиа.мк се одлучи да го подржи Лазаров и да започне заеднички студиски проект во кој ќе чуете се што досега не сте чуле, ќе видите се што досега не сте виделе, затоа подгответе се секоја недела во 20:00 часот на каналот на Стефан Лазаров.

Ви ветуваме многу ексклузивни гости, разговори за “забранети теми” и подигнување на стандардите на шоу бизнисот.

Во недела во 20:00 честа да ја отвори првата сезона на ” Лазаров Шоу” му припадна на Раус младиот трапер кој во моментов важи за еден од најпопуларните артисти и ужива голема поддршка од македонската но и публиката во регионот.

Врзете се, полетуваме!

Читај Следно

10,348FansLike
2,319SubscribersSubscribe

Најнови Вести