10 C
Skopje
среда, април 14, 2021
spot_img

НАДА МУ СЕ ЗАБЛАГОДАРИ НА ЗЛАТАН ИБРАХИМОВИЌ ЗА СЛАВАТА, НО ОДБИ НАГРАДА ЗА ЖИВОТНО ДЕЛА ПОРАДИ БИЗАРНА ПРИЧИНА!

Пејачката е благодарна на Ибрахимовиќ за популарноста која и ја донел.

Пејачката Нада Топчагиќ не го крие задоволството за тоа што фудбалерот Златан Ибрахимовиќ на фестивалот “Санремо“ се појавил на бина со воведни тактови на нејзина нумера “Јутро је“, но истаскнува дека не очекувала таков одзив и толку популарност, а награда за животно дело како што вели морала да ја одбие.

– Јас немам никаква награда. Ми даваа за животно дело. Малку се шегував, тоа беше пред две години, три години. После таа награда гледам сандак, далеку било. Се сеќавам 1985 година, кога со сопругот и синот одевме на летување, и глдам на телевизија. Зоран Радмиловиќ болен, лежи во болница, доаѓа екипа и му врачува награда за Животно дело. И човекот умира после неколку дена. Кога ми кажаа дека треба да ја примам таа награда, реков дека нема шанса да се појавм и да го земам тоа признание. И, навистина, не ни отидов. Ме викаат организаторите, сите со ред да видат каде сум, а јас некаде вон Белград, воопшто тоа не го сватив сериозно. Мене ме викаат да пејам само негде каде што паѓаат бомби – раскажала Нада Топчагиќ.

Читај Следно

10,348FansLike
2,319SubscribersSubscribe

Најнови Вести