8 C
Skopje
среда, април 14, 2021
spot_img

ИНИЦИЈАТИВЕН ОДБОР НА ВМРО-ДПМНЕ: Отпорот против Мицкоски во партијата се зголемува и се ближи крајот на неговите партиски бизниси!

Соопштение на Иницијативата за Вонреден Конгрес на ВМРО-ДПМНЕ:

Еуфоријата на се уште актуелниот Претседател на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски за одложувањето на Вонредниот конгрес покажува колку е тој очаен и колку го интересира само сопствената функција.
Христијан Мицкоски успеа да ги загуби изборите во Ново Село и покрај тоа што градоначалникот познат како Боро-Малборо беше фатен во шверц на цигари.
Христијан Мицкоски успеа да ги загуби и локалните избори во Охрид, иако дури и Гордана Силјановска таму победи.
Христијан Мицкоски успеа да ги загуби и Претседателските и Парламентарните избори во 2019 и 2020 година.
Христијан Мицкоски избега од изборно соочување во Штип и избега од заземање на став по однос на референдумот.
Мицкоски овие четири години стана синоним за пораз.
Очекувано е човек кој доживеал целосен дебакл да се радува само затоа што се одложило неговото заминување од функцијата.
Мицкоски е единствениот во ВМРО-ДПМНЕ чии афери се амнестираат од надлежните обвинителства и судови, додека останатите членови се соочуваат со драконски казни.
Нема член на СДСМ кој не смета дека „Мицкоски треба да си го пазат како очи во глава“ и дека тој е омилениот спаринг партнер кој си го нокаутираат по договор.
Мицкоски и нанесува штета и на ВМРО-ДПМНЕ и на Македонија.
Мицкоски има неколкукратно понизок рејтинг од ВМРО-ДПМНЕ и ја влече партијата надолу, а меѓу два изборни циклуси успеа да загуби 150 000 гласови.
Колку порано Мицкоски си замине од претседателската функција, толку подобро и за Македонија и за ВМРО-ДПМНЕ.
Јасно е дека тој нема капацитет да ја води партијата.
Отпорот против Мицкоски во партијата се зголемува и се ближи крајот на неговите партиски бизниси.
Иницијативниот одбор за организирање на Вонреден конгрес навремено ќе ги информира делегатите и јавноста за сите идни чекори.

Читај Следно

10,348FansLike
2,319SubscribersSubscribe

Најнови Вести