11 C
Skopje
среда, април 14, 2021
spot_img

ДРАМА: Синот на Анџелина Џоли и Бред Пит, сведочеше пред судот против неговиот татко

Синот на Анџелина Џоли и Бред Пит, Медокс Џоли Пит (19) сведочеше пред судот против неговиот татко, како дел од нивната постапка за развод и старателство.

Извори велат дека сведочењето на Медокс не било воопшто за пофалба кога станува збор за Бред.

Тие додаваат дека најстариот син на парот наводно решил да го тргне презимето Пит од неговото име, со што неговата мајка Анџелина не се согласила, пишува „UsWeekly“.

Наводната расправија помеѓу таткото и синот, за која се пишуваше во 2016 година, наводно била капката за Анџелина, која ја прелила чашата и довела до одлуката за развод, а имало и наводи дека актерката подготвила докази со кои се потврдува семејно насилство, за што го обвини Бред.

Кога во 2016 година избувна скандалот за тоа дека Бред психички и физички ги малтретирал деца, полицијата го испитала случајот, кој брзо бил отфрлен поради недостаток на докази.

Читај Следно

10,348FansLike
2,319SubscribersSubscribe

Најнови Вести