6 C
Skopje
четврток, април 15, 2021
spot_img

Девизните резерви на Индија изнесувале на почеток на март оваа година 580,3 милијарди долари

Девизните резерви на Индија изнесувале на почеток на март оваа година 580,3 милијарди долари, соопштила централната банка на таа земја.

Спрема податоците на Меѓународниот монетарен фонд, поголеми девизни резерви од Индија сега има само Кина, Јапонија и Швајцарија, пренесува Раша Тудеј (РТ).

Обимот на индиските девизни резерви сега е доволен за покривање на отприлика 18 месеци увоз.
Зголемените резерви се препишуваат на невообичаениот суфицит на тековните сметки на земјата, растечкиот прилив на сретства на домашниот пазар на акции и директни странски инвестиции.

Индиската банка за резерви (РБИ) го проценува обемот на активи во странска валута на 539,6 милијарди долари. Златото чини 34,2 милијарди долари во вкупна актива, додека Специјални права за извлекувања(СДП) изнесуваат 1,5 милијарди долари, а резервната позиција во ММФ е 4,9 милијарди долари.

Аналитичарите велат дека силните девизни резерви им овозможуваат на странските инвеститори и компании со кредитен рејтинг дополнителна сигурност дека државата може да ги подмирува своите должнички обврски и покрај влошените фискали изгледи и движење на економијата каде ќе биде забележан прв годишен пад за повеќе од четири децении.

Индиската централна банла порачала во својот извештај дека и понатаму ќе ги зголемува своите девизени резерви како би спречиле било какви екстремни шокови.

Читај Следно

10,348FansLike
2,319SubscribersSubscribe

Најнови Вести