10 C
Skopje
среда, април 14, 2021
spot_img

АНДРИЈАНА ОБЈАВИ ПРИВАТНА ФОТОГРАФИЈА СО ТОШЕ ПРОЕСКИ И РАЗБУДИ ЕМОЦИИ КАЈ СИТЕ ФАНОВИ! (фото)

На огромна радост на сите нивни обожаватели, пејачката Андријана Јаневска објави фотографија на својот инстаграм-профил, досега непозната за јавноста.

На фотографијата може да се видат Тоше Проески кој на раменици ја носи Андријана, и Каролина Гочева до нив.

„Каролина Гочева, Тоше Проески и јас, 2000 година во Сиднеј, Австралија. Насмеани и распеани одиме да гледаме кошаркарски натпревар на Олимпијадата. Прекрасни спомени од едно време кога другарството беше најважно, кога зборот суета беше туѓ и кога музиката нè обединуваше. Оваа фотографија е од мојата приватна архива и ја објавувам со дозвола на Каролина и семејството на Тоше“, напиша Андријана Јаневска, познатата македонска пејачка, виолинистка и музички педагог.

По нејзината објава, и Каролина истата фотографија на објави на својот инстаграм-профил.

Читај Следно

10,348FansLike
2,319SubscribersSubscribe

Најнови Вести