13.8 C
Skopje
четврток, април 18, 2024

УЕФА: Финалето на Лигата на шампионите ќе се игра пред полни трибини

Финалето од Лигата на шампионите во Истанбул планирано за 29 мај ќе се одигра пред полни трибини. Извори од УЕФА за ЕСПН изјавиле дека и покрај нарушувањата во Лигата на шампионите оваа сезона предизвикани од пандемијата на коронавирусот, постои поголема шанса дека навивачите ќе се вратат на трибините за финалето во Турција.

Според изворот, малку е веројатно дека навивачите ќе можат да присуствуваат на четвртфиналето и полуфиналето на турнирот, но прелиминарните планови на Европската унија е да започне слободно движење во Европа кон средината на мај, сшто се зголемуваат шансите за враќање на навивачите на стадионите, вклучително и за финалето од ЛШ.

Сè уште не е јасно колкав процент од капацитетот на стадионот ќе биде пополнет, како и како ќе се дистрибуираат билетите. УЕФА планира да одвои квота не само за локалните љубители на фудбалот, како што беше случајот на Суперкупот на УЕФА, туку да се овозможат билети и за навивачите на финалистите.

Официјалниот капацитет на Олимпискиот стадион Ататурк е 80.500 луѓе

sportmedia.mk

Читај Следно

10,371FansLike
2,319SubscribersSubscribe

Најнови Вести