Мајка на едногодишно момче од Хјустон, кое се бори за живот на интензивна нега, откако полицаец го застрелал во главата, вели дека планира да ја тужи полицијата. Нејзиното дете беше повредено во пукањето кога припадник на полицијата отвори оган кон вооружен маж кој се наоѓал во близина.
Леџенд Смолс е на интензивна нега каде се опоравува од прострелна рана, пренесуваат американските медиуми.
- Моето бебе не заслужи да биде застрелано, особено не од полицаец – рече мајката на момчето Деиша Смолс (19).
Бидејќи се Афроамериканци, мајката вели дека пукањето можеби било расно мотивирано затоа што, како што тврди, „полицијата прво пука, а потоа поставува прашања“ кога станува збор за Афроамериканците.
Според неа, фрагменти од куршумот останале во мозокот на нејзиниот син, додека дел од черепот бил отстранет по пукањето на 3 март во Хјустон.
A 1-year-old boy is "fighting for his life" and struggling to breathe on his own after being shot in the head by Houston police, the baby's mother and attorneys representing her said https://t.co/skR2fpoi3m
— CNN (@CNN) March 17, 2021
Деиша била во автомобилот на бензинската пумпа со нејзиниот син на задното седиште, кога вооружен маж, бегајќи од полицијата по обидот за грабеж, се обидел да ја извлече од возилото. Полициски службеник отворил оган, го убил осомничениот но и го ранил нејзиниот син.
- Тие знаеја дека е во автомобилот, но сепак пукаа, изјави нејзиниот адвокат Бен Крамп.
Таа планира да покрене тужба против полицијата.
Началникот на полицијата во Хјустон, Арт Акеведо во изјавата рече дека „се надева и се моли за целосно и брзо закрепнување на момчето“, додавајќи дека инцидентот се испитува