14 C
Skopje
вторник, април 13, 2021
spot_img

СТРАШНО! Деми Ловато низ солзи откри дека била силувана: Ме пронајдоа гола и буквално бев оставена да умрам..

Пејачката Деми Ловато во нов документарен серијал за својот живот откри една голема тајна, прозборела за злоставувањето кое го доживеала како тинејџерка.

Во својот документарец „Деми Ловато: Танц со ѓаволот“, достапен на Јутјуб, пејачката храбро зборува за траумата на сексуално злоставување и открива дека ноќта кога се предозирала, сексуално ја искористил нејзиниот дилер.

А, тоа не ѝ било прво такво искуство

– Кога ме пронајдоа, бев гола и сина. Буквално бев оставена да умрам откако ме искористи. Кога се разбудив во болницата, ме прашаа дали сме имале спогодбен секс. Ми остана еден блесок од него над мене. Го видов тој блесок кога ме прашаа, па одговорив потврдно. Дури еден месец по предозирањето сфатив дека не сум била во таква душевна состојба да донесам спогодбена одлука – вели Ловато.

Во документарниот филм, Ловато многу емотивно раскажува за соочувањето со траумата што ја доживеала уште пред таа ноќ на предозирањето.

– Како тинејџерка бев во многу слична ситуација. Невиноста ја изгубив со силување – вели Ловато.

Иако признава дека таа и нејзиниот наводен напаѓач се зближувале во тоа време, Ловато вели дека јасно ставила до знаење дека не е подготвена да ја изгуби невиноста.

– Бев дел од толпата на „Дизни“ која јавно рече дека се чува за брак. А, првиот пат не беше ниту романтично – вели Ловато и додава дека покрај сѐ, таа личност морала постојано да ја гледа, па поради траумата престанала да јаде.

Пејачката потоа открива и дека со возрасните споделила што ѝ се случило, но нејзиниот наводен напаѓач никогаш немал проблеми поради тоа и не бил исфрлен од филмот во кој глумеле.

– Ѝ се јавив на таа личност еден месец подоцна обидувајќи се да се средам, но од сето тоа се чувствував уште полошо – вели Ловато.

И во двата случаи, рекла во една прилика Ловато, таа била школски пример за „повторување на траумите“, со што се борела со години и поради што многу тешко се помирувала со фактот дека она што тогаш ѝ се случило било силување.

Читај Следно

10,348FansLike
2,319SubscribersSubscribe

Најнови Вести