7 C
Skopje
четврток, април 15, 2021
spot_img

Лажен Путин e вистински хит на интернет (ВИДЕО)

На почетокот на декември 2020 година, анонимен корисник отвори пародичен профил посветен на рускиот претседател Владимир Путин на ТикТок наречен „Првиот човек на Русија“,  За само три месеци, со кратки видеа, тој собра повеќе од 4,7 милиони следбеници.

Каналот објавува т.н. лажни монтажи на актер кој го имитира Путин. Технологијата која ја користи „Deepfake“ се заснова на вештачка интелигенција која овозможува производство или модификација на фотографии и снимки и со тоа манипулира со содржината за да личи на личност.

Честопати, ваквите записи изгледаат толку реалистични што многу корисници не можат да разликуваат дали станува збор за вистинска или лажна снимка.

На лажниот профил на Путин, можете да најдете снимки во кои рускиот претседател танцува покажува како се подготвуваат палачинки и руска салата.

Колку е популарен профилот, најдобро докажува видеото како „Путин“ ја пробува својата омилена кошула, кое е прегледано повеќе од 90 милиони пати.

Профилот се занимава со проблемите со кои обично се соочуваат руските провинции.

@1facerussia

Лично поздравляю всех дам с их днём 🌺 Начал с @homm9k 🐹 #весна2021 #8марта

♬ оригинальный звук – Первое лицо

Во неколку снимки, лажниот Путин го чисти снегот во Новосибирск и вели дека патиштата не треба да се чистат „освен кога ќе дојде во посета“

Читај Следно

10,348FansLike
2,319SubscribersSubscribe

Најнови Вести