Едно училиште во Арканзас ја зголеми платата на секој наставник за 15.000 УСД годишно по инсталирањето на соларни панели.
Училишниот округ Бетсвил инсталираше вкупно 1.500 соларни панели во последните две години, откако долго време се бореше да им исплати фер плата на наставниците.
Училиштето го искористи неискористениот простор исполнувајќи го со табли. Пред да се префрли на соларна енергија, училиштето беше познато по тоа што имаше некои од најлошите плати во државата, со просечна плата од 45.000 УСД годишно.
- Не можевме да ги задржиме луѓето поради тоа, изјави надзорникот Мајкл Хестер за CBS.
Една наставничка во училиштето, Џина Ропке, прифатила друга работа во локалниот центар за повици за да врзува крај со крај.
Уште од инсталирањето на панелите, училиштето не само што заштеди пари, туку и заработи со продажба на електрична енергија, која ја испорачува на локалната електрична мрежа.
Како резултат, училиштето можеше да доделува бонуси на наставниците две години по ред и сега е училиште со најдобар приход во државата.
- Добро е да се знае дека училишниот одбор се грижи за нас, рече Џина Ропки.
Рик Венс, регионален директор на локалната енергетска компанија „Integrity“, рече дека училиштето во Бетсвил било првото што го сторило тоа. - Тие го сторија тоа што никој друг не го стори. Тие ги намалија чековите што ги пишуваат за комуналните услуги и ги зголемија платите на наставниците, рече тој.