7 C
Skopje
четврток, април 15, 2021
spot_img

Вдовицата на трагично починатиот Коби Брајант, поднесе тужба против четворица полицајци

Вдовицата на трагично починатиот Коби Брајант, Ванеса, поднесе тужба против четворица полицајци. Тие го сликале и подоцна ги ширеле фотографиите од посмртните останки на легендарниот кошаркар на Лос Анџелес Лејкерс.

Брајант со неговата ќерка Џиџи и уште седум члена на екипажот загинаа во пад на хеликоптер пред нешто повеќе од една година.

Неговата вдовица, Ванеса, сега поднесе тужба против округот Лос Анџелес, противпожарната служба, како и против четворица полицајци обвинети за нарушување на приватноста и небрежност откако направиле и споделиле слики на мртвите деца, родителите и теренот.

Г-ѓа Брајант бара кривична компензација за нанесената душевна болка, таа ја објави тужбата на својот Инстаграм профил, а во таа прилика беа наведени имињата на четворицата службеници кои се обвинети за учество во фотографирање на жртвите, како и за споделување на тие фотографии.

Тоа се Џои Круз, Раул Версалес, Мајкл Расел и Рафаел Меија.

Во документите, Ванеса изнела вознемирувачки детали за тоа како после несреќата го повикала шерифот Алекс Вљануева и му кажала дека се плаши дека местото на несреќата не е заштитено од фотографирање, при што тој ја уверил дека полициските службеници го обезбедиле местото.

Меѓутоа, токмулуѓето кои биле испратени да го заштитат местото од фотографирање на останките на Коби, неговата ќерка, како и другите членови на екипажот, каде што имало и уште едно дете, ги прекршиле своите овластувања и ги фотографирале останките со нивните приватни телефони.

После тоа, тие ги размениле фотографиите со пријателите, а според истрагата, се сомнева дека направиле помеѓу 25 и 100 фотографии, од кои ниту една не била сза потребите на истрагата.. Најмалку десет полицајци ги добиле фотографиите во рок од 48 часа.

Раул Версалес и Рафаел Меија беа идентификувани како луѓе кои ги направиле фотографиите затоа што биле на самото место. Дури и после тоа, Меија и понудил на жената што го контролирала сообраќајот во близина на местото на несреќата да и испрати фотографии од останките на Брајант и другите жртви, на што добил одговор дека не и е потребен и дека делото е неморално, на што тој се бранел дека љубопитноста го извлекува најдоброто од него и дека сите полицајци се љубопитни.

Меија потоа ги споделил фотографиите со Џои Круз, кој продолжил да ги испраќа понатаму, дури и на обични граѓани. Така, тој им ги покажал фотографиите на сопственикот на еден бар и келнерот, а на камерата од објектот може да се види како тој со прстите ја зумира фотографијата за да му ги покаже остатоците за кои верувал дека му припаѓаат на Коби.

Келнерот потоа им ја пренел веста на сите, па дури и се пошегувал на сметка на остатоците на Коби Брајант, но сопственикот на локалот бил сериозно вознемирен од глетката, како и од целата ситуација, тоа му пречело цела ноќ и сметал дека е несоодветно за полицаец да се однесува така и да споделува слики од мртвиот Коби со други, па решил да го пријави случајот кај шерифот, и наскоро започна истрага.

Исто така, Мајкл Расел слушнал гласини дека имало фотографии од телото на Коби Брајант, па посакал да ги има на неговиот телефон, а Круз наскоро му ги испратил фотографиите, кои подоцна почнал да ги споделува со пријателите, вклучувајќи и еден со кој играл игри.

Да потсетиме, Коби Брајант загина на 26 јануари кога хеликоптерот Sikorski S-76, управуван од пилотот Ара Зобајан, удри во рид околу Калабасас поради магла. Во тој момент со него беше ќерката на Џиџи, а за несреќатае обвинет пилотот.

Читај Следно

10,348FansLike
2,319SubscribersSubscribe

Најнови Вести