10 C
Skopje
вторник, април 13, 2021
spot_img

Солскјер пред мечот со Милан: Секогаш сум сакал реваншите да ги играм на гости

Манчестер Јунајтед и Милан одиграа 1:1 на првиот осминафинален меч од Лига Европа на „Олд Трафорд“. „Росонерите“ се извлекоа со гол во последните минути, а во четврток се игра реваншот на „Сан Сиро“.

Тоа значи дека „Ѓаволите“ мора да постигнат гол на миланскиот стадион за да се надеваат на пласман понатаму.

Има неколку работи во тимот на кој треба да обрнеме внимание. Марсијал сигурно нема да оди во Милано. Треба да разговараме за останатото и да одлучиме. Погба и Ван де Бек тренираа ќе видиме кој ќе игра. Ќе видиме што ќе се случи со Ерик Баји. Кавани тренира веќе неколку дена и ја следиме неговата состојба, тој ќе биде со нас но не знам дали ќе игра“, вели тренерот на Јунајтед Оле Гунар Солскјер.

Мислам дека само еднаш сум играл на Сан Сиро и тоа на пријателски меч. Обично сум бил гледач. Кога стадионот е полн, тоа е неверојатно место. За жал ќе играме во поинаква атмосфера. Јас искрено гледам голем напредок во екипата. Секој во овој клуб се стреми кон големи нешта, кон трофеи, но понекогаш трофејот може да ги прикрие другите работи што се случуваат во клубот. Во шампионатот може да се види дали напредуваме имајќи го во предвид пласманот. Имаме 12 бодови повеќе отколку што имавме минатата година во ова време.

Минатата недела видовме колку беше тешко против Милан. Тимот физички е силен, има многу енергија и квалитет. Ние мора да се претставиме најдобро за да се пласираме понатаму. Откако сум тука, никогаш немаме среќа на ждрепката. Утрешниот судир ќе го решат многу работи – квалитет, искуство, добар почеток. Да бидам искрен, отсекогаш сум сакал реваншот да го играм на гостински терен, бидејќи кога ќе постигнеме гол тоа е ептен важно. Знаеме на што сме и знаеме дека мора да погодиме“, рече Норвежанецот.

sportmedia.mk

Читај Следно

10,348FansLike
2,319SubscribersSubscribe

Најнови Вести