11 C
Skopje
среда, април 14, 2021
spot_img

Сити со 130 милиони евра тргнува по Халанд, и неговиот татко играл за “граѓаните“

ПСЖ, Реал Мадрид, Челзи, Барселона или Манчестер Сити? Тоа се клубовите кои и тоа како посакуваат ова лето да го ангажираат норвешкото “чудо од дете“ Ерлинг Халанд кој урива рекорди во дресот на Борусија Дортмунд.

Сепак сумата за отштетата која ја бара Дортмунд не е мала, а тука е и фамозната откупна клаузула.

Но, секогаш има едно но. Кога нешто не можеш да го купиш со пари, ќе го купиш со многу пари. Тоа е девизата на Манчестер Сити, а Пеп Гвардиола е веќе решен место Серхио Агуеро за следната сезона во тимот да го има Ерлинг.

За да му се оствари таа желба на својот менаџер, шеиците кои го водат Сити, се подготвени со 130 милиони евра да тргна по Халанд. Плус на оваа сума треба да се додадат провизиите за менаџерите Мино Рајола и Алф Инге Халанд. Да, овој е вториот е татко на Ерлинг, и што е понтересно Халанд сениор има играно за Сити во периодот од 2000 до 2003 година.

sportmedia.mk

Читај Следно

10,348FansLike
2,319SubscribersSubscribe

Најнови Вести