7 C
Skopje
четврток, април 15, 2021
spot_img

Повторно зголемени бројките на позитивни од корона вирусот

Со вчерашната статистика на Министерството за здравство, бројот на позитивни со коронавирусот од почетокот на епидемијата во земјава достигна 113 929 од 571 068 направени тестирања. Починаа 3364 луѓе, а оздравени се 98 676.

Во вчерашниот билтен беа регистрирани 999 новозаразени од 3627 тестирања. Починаа 24 пациенти на возраст од 46 до 80 години, а  оздравени се 543. Активни случаи во целата земја има 11 889, од кои 5941 во главниот град.

Се зголемува бројот на заразени со КОВИД-19 и на приеми на пациенти, низ државата се хоспитализирани 1082, болничките капацитети се полнат и се адаптираат нови – од вчера во функција е ковид-центар на Клиниката за трауматологија.  Општинските кризни штабови апелираат за построги мерки, а опозицијата во Собранието поднесе предлог за интерпелација за министерот за здравство Венко Филипче поради лошо справување со здравствена криза и со набавката на вакцини.

Неделниот извештај на Институтот за јавно здравје покажува дека за една недела (8-14 март) за 22,2 отсто е зголемен бројот на позитивни случаи во однос на претходната седмица. Во овој период имало 5456 новодијагностицирани  од 34 градови, а половина од нив се во Скопје (2708 или 49,6 отсто). Највисока неделна инциденца е регистрирана во Демир Капија, а најзастапена возрасна група од сите случаи е над 60 години  (26,3 отсто).

Од 8 до 14 март починале 129 луѓе од 21 град, што е за 2,3 пати повеќе во однос на минатата недела, а оздравени во овој период се 2737 лица, што е намалување од 29,7 отсто.

Кризните штабови на општините апелираат за построги мерки и од граѓаните се бара голема совесност и одговорност. Поради алармантната состојба во Прилеп, каде што заразата е раширена со британскиот сој на вирусот и има 805 активни случаи, кризниот штаб во овој град од Владата и од Главниот кризен штаб бара да се воведе полициски час од 19 часот и скратен и редуциран јавен превоз.

Според градоначалникот Илија Јованоски, Прилеп цел месец е втор град по бројот на новозаразени, по Скопје, а загрижува тоа што граѓаните се неодговорни, се групираат и многумина од заразените ги кријат контактите.

Поради зголемен број заразени наставници и ученици во наставата со физичко присуство (1-3 одделение), од вчера е затворено ОУ „Владо Тасевски“ во општина Карпош и до крајот на месецов и за овие ученици, како и за тие од погорните одделенија, наставата ќе биде онлајн.

Во моментов дистрибуцијата е следна

Скопје 50464, активни 5941

Прилеп 6166, активни 805

Куманово 6030, активни 418

Тетово 5817, активни 359

Гостивар 4089, активни 292

Кавадарци 3906, активни 638

Штип 3844, активни 191

Велес 3782, активни 314

Битола 3754, активни 321

Охрид 3621, активни 455

Струмица 2929, активни 205

Струга 2530, активни 161

Кочани 1991, активни 150

Кичево 1835, активни 57

Неготино 1618, активни 403

Гевгелија 1515, активни 297

Свети Николе 1153, активни 41

Крива Паланка 981, активни 133

Ресен 894, активни 96

Дебар 806, активни 12

Радовиш 784, активни 42

Делчево 771, активни 49

Берово 713, активни 66

Пробиштип 597, активни 46

Виница 542, активни 23

Валандово 417, активни 45

Крушево 381, активни 113

Богданци 346, активни 65

Кратово 303, активни 23

Демир Хисар 303, активни 41

Демир Капија 291, активни 58

Македонски Брод 261, активни 9

Пехчево 200, активни 13

Македонска Каменица 194, активни 2

Дојран 101, активни 5

Читај Следно

10,348FansLike
2,319SubscribersSubscribe

Најнови Вести