4 C
Skopje
петок, април 16, 2021
spot_img

Даниловски: На Македонија и се доволни половина милион вакцини

Епидемиологот Драган Даниловски, на социјалните мрежи направи детална анализа во врска со вакцинацијата на луѓето и тие кои биле во контакт со корона вирусот во изминатата година.

„Најнов податок за стапката на серопозитивни (оние кај кои се развиле антитела) во Скопје е 31%, според резултатите добиени од тестирање на примерок од 1.000 случајни минувачи на различни локации во градот, направено од страна на Институтот за имунологија при Медицинскиот факултет во Скопје.

Ако си дозволиме слобода оваа стапка да ја примениме на целата популација во Македонија (што секако методолошки не е прифатливо, но, сепак, свесни за неизбежно генерираниот „бајас“ /bias – пристрасност, деформација/, ќе го сториме тоа), се доаѓа до бројка од 496.000 (ако актуелното население е 1.600.000*, според евиденцијата на Управата за електронско здравство – „Мој термин“ при Министерството за здравство.

За британскиов мутант прагот на колективниот имунитет при кој репродукцискиот број ќе се спушти на 1 (а тогаш растот на дневните случаи ќе има тренд на стагнација) изнесува 85 проценти (а не 60, како за оригиналната варијанта). Тогаш ќе имаме т.н. ендемска форма на ширење на вирусот.

Вкупното население во Македонија, според Управата за електронско здравство е околу 1.600.000. 85 проценти од 1.600.000 се 1.360.000 луѓе.

Ако од нив се извади веројатниот вистински број на случаи (734.045), го добиваме бројот на луѓе што не биле во контакт со вирусот:

1.360.000 – 734.045 = 625.955 луѓе“, пишува Даниловски.

Читај Следно

10,348FansLike
2,319SubscribersSubscribe

Најнови Вести