11 C
Skopje
среда, април 14, 2021
spot_img

Британскиот премиер Борис Џонсон денес предупреди дека уште една пандемија е „реална можност“ до 2030 година

Британскиот премиер Борис Џонсон денес предупреди дека уште една пандемија е „реална можност“ до 2030 година

Џонсон денес им вети на пратениците повеќе нуклеарни бомби и милијарди фунти дополнителни пари за да ја одржат нацијата безбедна во иднина.

Сепак, најмногу одекна неговото предупредување дека епидемиите на заразни болести веројатно ќе бидат почести до крајот на деценијата и дека пандемијата е сигурна до 2030 година.

– Растот на популацијата и губењето на природното живеалиште на животните би ја зголемило интеракцијата помеѓу луѓето и животните, зголемувајќи го ризикот од ширење на болеста од еден на друг вид, како што се верува дека се случило со ковид 19 – рече Џонсон.

Boris Džonson

Тој во предговорот на Интегрираниот преглед на безбедноста, одбраната, развојот и надворешната политика рече дека работата на документот започнала во почетокот на 2020 година и дека „не можевме да предвидиме дека коронавирусот ќе предизвика можеби најголемата меѓународна криза од Втората светска војна, со трагични последици кои ќе траат и во годините што доаѓаат”.

– Ковид-19 нè потсети дека безбедносните закани и тестовите на национален отпор можат да имаат неколку форми – вели тој.

Во делот за глобалното здравје, за кој рече дека е еден од „транснационалните предизвици“ со кои се соочува светот, тој пишува: „Избувнувањата на заразни болести веројатно ќе бидат почести до 2030 година”.

– Ќе бидат тоа зоонози- болести предизвикани од вируси, бактерии или паразити кои се шират од животни на луѓе – како растот на популацијата предизвикува интензивирање на земјоделството и како загубата на живеалиштата ја зголемува интеракцијата помеѓу луѓето и животните. Друга нова пандемија останува реална можност – предупреди тој.

Читај Следно

10,348FansLike
2,319SubscribersSubscribe

Најнови Вести