5 C
Skopje
понеделник, април 19, 2021
spot_img

167 санкционирани возачи во Скопје, 36 прекршоци што ги чинат пешаците, 14 за брзо возење

Министерството за внатрешни работи во текот на вчерашниот ден (15.03.) продолжи со засилените акциски контроли во областа на сообраќајот.

На територијата на град Скопје изречени се вкупно 167 мерки, меѓу кои за непочитување на брзина на движење 14, 10 санкции за возење без возачка дозвола, три за технички неисправни и нерегистрирани возила.

Изречени се 36 прекршоци што ги чинат пешаците, седум санкции за користење мобилен телефон, шест за минување на затворен сигнал(црвено светло), три за некористење сигурносен појас, 66 за непрописно паркирани возила.

Засилените сообраќајни контроли продолжуваат и во наредните денови. Апелираме до граѓаните да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи за да ја зголемиме безбедноста во сообраќајот и заедно да придонесеме за посигурни патишта.

Читај Следно

10,349FansLike
2,319SubscribersSubscribe

Најнови Вести