10 C
Skopje
среда, април 14, 2021
spot_img

ПРОБИЕН МОБИЛНИОТ НА ВЕЉА НЕВОЉА – ПРОНАЈДЕНИ ВОЗНЕМИРУВАЧКИ ФОТОГРАФИИ

Вознемирувачки фотографии, еротски видеа, комуникации со голем број луѓе, вклучително и некои политачари од власта и опозицијата се само дел од инкриминирачките податоци кои се најдени во мобилниот телефон на Вељко Беливук, познат како Веља Невоља.

Според српските медиуми, полицијата успеала да го отклучи неговиот мобилнот телефон а истиот создржел вознемирувачки фотографии.

-Пронајдени се фотографии на лица за кои постои сомневање дека биле мета, како и еротски слики и видео клипови на познати старлети и пејачи. И не само тоа, беа пронајдени и пораки на некои бизнисмени и политичари. Од оние локалните до највисоките функционери.

Има и преписка со опозициски политичари кои Беливук, директно во пораките што ги разменувал со нив, но и индиректно во преписка со други, ги споменува во позитивен контекст. Сите овие пораки не се инкриминирачки, но природата на нивните контакти е јасно видлива – објаснува соговорник за „Србија данас“.

Што е досега потврдено?

Телефонот на Веља Неволја содржел и слики од луѓе кои воделе истраги против него и другите членови на кланот, а кои биле следени од нивните луѓе во Министерството за внатрешни работи.

-Ова само го потврди она што го кажаа претседателот Александар Вучиќ и министерот за внатрешни работи Александар Вулин по седницата на Советот за национална безбедност, кога открија дека оперативци од БИА и МВР, кои работеле директно на следење и апсење на членови на кланот Беливук, биле на мета на кланот, стои во текстот на српскиот сајт.

Кога ќе бидат обелоденети споменатите пораки, ќе се изненадите колку Веља Неволја бил близу до поединци и од Владата на Србија, Министерството за внатрешни работи … Сега сè се анализира и наскоро јавноста ќе биде информирана со сите детали. Досега, многу мал круг луѓе знаат што е пронајдено, точно за да може истрагата да ги следи трагите и контактите што ги имал Беливук – тврди извор од истрагата и додава дека автентичноста на пораките и идентитетот на луѓето со кои Беливук бил во контакт недвосмислено се утврдени со експертиза.

Според поранешен началник на полицијата во Белград, Марко Никовиќ пак фактот дека тој имал врски во сите полициски структури е голема срамота за полицијата.

-Тој имал свој паралелен систем составен со разни структури од општеството кои му помагале. Сите тие врски се некако испреплетени. Не треба да заборавиме дека со неговата група биле пронајдени само 80.000 евра, а секако има многу повеќе пари. Мора да се разјасни кој кому помогнал, кој го советувал, кои луѓе од политиката му ја отвориле вратата и кои полицајци дозволиле да се кријат информации, да се отстранат доказите и да се сокријат злосторствата. Од полициската логистика да се откријат, според моја проценка, тоа ќе биде рударски и чувствителен бизнис. Она на што треба да бидеме претпазливи се тајните служби, кои ја следат оваа истрага, и за нив, секоја информација од истрагата е голем плен, пишува „Србија данас“.

Читај Следно

10,348FansLike
2,319SubscribersSubscribe

Најнови Вести