14 C
Skopje
вторник, април 13, 2021
spot_img

Повик од Лондон за Дибала!

Веќе на големо се шпекулира за заминувањето на Пауло Дибала од Јувентус. Аргентинскиот фудбалер оваа сезона речиси и не го гледавме, настапи на 16 натпревари и постигна три гола.

Повредите зачестија, па следното лето ќе биде последно за него, па челниците на клубот можат да заработат од 27 годишниот фудбалер. Договорот на Дибала истекува во 2022 година, за него заинтересирани се два клуба од Лондон.

Според англиските медиуми тој е на мета на Челзи и Тотенхем, двата тима се подготвени да потрошат сума од 50 до 55 милиони евра за него. Останува да видиме каква ќе биде одлуката на челниците на Јувентус, во овој момент приоритет е Кристијано Роналдо. Има најави дека Португалецот ќе си замине и тоа одново ќе го облече дресот на Реал Мадрид.

sportmedia.mk

Читај Следно

10,348FansLike
2,319SubscribersSubscribe

Најнови Вести