14 C
Skopje
вторник, април 13, 2021
spot_img

Овогодинешните Греми награди се одржаа во Лос Анџелес, а шоуто ја воодушеви и шокираше публиката

Овогодинешните Греми награди се одржаа во Лос Анџелес, а шоуто ја воодушеви и шокираше публиката.

Покрај тоа што водителот Тревор Ноа го отвори шоуто со контроверзен монолог за време на кој се пошегува на сметка на кралското семејство, а Дуа Липа ја воодушеви публиката со својот настап, жешките настапи ја „запалија“ публиката.

Карди Би и славната раперка Меган имаа енергичен настап за време на кој беа забележани неколку провокативни пози.

Контроверзната песна „Вап“ изведена од американската раперка не престана да ја поделува јавноста уште од нејзиното објавување минатата година. Експлицитните стихови и пренагласената сексуалност некои ги воодушевија , а ги некои ги згрозија, па не е изненадувачки што дури и ден по доделувањето на Греми наградите се зборуваше за ова, што беше и првата изведба во живо на синглот.

Самата Карди Б изјави дека „песната е гадна“, а Меган им рече на дежурните критичари дека дури и не мора да ја слушаат ако не им се допаѓа .

Снуп Дог исто така ја критикуваше песната со зборовите “Дозволете ни да фантазираме за нешто, не мора да ни покажувате сè. Дајте ни малку приватност и интимност. Девојките се навистина храбри!”

Британскиот пејач Хари Стајлс ги отвори годинашните Греми награди со изведбата на неговиот хит „Шеќер од лубеница“. Сепак, повеќето беа опседнати со големиот, зелен бум пердув што го носеше околу вратот.

Читај Следно

10,348FansLike
2,319SubscribersSubscribe

Најнови Вести