14 C
Skopje
вторник, април 13, 2021
spot_img

Заев на средба со премиерот на Луксембург Бетел

Претседателот на Владата на Република Северна Македонија Зоран Заев, заедно со министерот за финансии Фатмир Бесими, во рамките на работната посета на Луксембург, денеска оствари средба со премиерот на оваа земја Ксавиер Бетел.

На средбата со Бетел, премиерот Заев истакна дека Луксембург, како еден од најгласните застапници на проширувањето на ЕУ е близок партнер на Северна Македонија и значаен глас во Европската комисија за нашата земја за старт на преговорите за членство во ЕУ.

Претседателот на Владата на Северна Македонија Заев како принципиелен го оцени ставот на Луксембург во врска со бугарското вето како прашање за кое не може да се разговара бидејќи идентитетските прашања произлегуваат од правото на самоопределување.

Премиерот Бетел на средбата истакна после сите храбри одлуки што ги донесоа премиерот Заев и Северна Македонија, земјата го заслужува своето место во ЕУ, и  го покани премиерот Заев останатиот дел од темите од интерес за двете земји како што е поттикнувањето на вкупната економска соработка меѓу двете земји како и можностите за директни странски инвестиции на компании од Луксембург во Северна Македонија да ги разговараат за време на прошетката низ градот.

Читај Следно

10,347FansLike
2,319SubscribersSubscribe

Најнови Вести