11 C
Skopje
четврток, април 15, 2021
spot_img

Жител на Желино осомничен за две разбојништва во Скопје

Основното јавно обвинителство Скопје донесе Наредба за спроведување истражна постапка против 28-годишен жител на Желино за кого постои основано сомнение дека сторил две кривични дела – Разбојништво од член 237 став 4 во врска со став 1 од Кривичниот законик.

На 28 февруари, осомничениот и уште едно засега непознато лице влегле во такси возило на улицата „Димитрија Чуповски“ и побарале од оштетениот таксист да ги вози до хотел во близина на Скопски саем. Кога стигнале на булевар „Никола Карев“, во близина на клучката за Чаир, му кажале на таксистот да го запре возилото. Осомничениот од задното седиште го фатил оштетениот за јаката, го повлекол назад и му ставил нож под вратот, заканувајќи му се дека ќе го убие ако не им ги даде парите. Неговиот сопатник кој седел на совозачкото седиште за тоа време започнал да пребарува низ преградите на возилото, го пронашол паричникот на таксистот од каде одзел 950 денари, а го одзеле и мобилниот телефон на оштетениот вреден околу 6.000 денари. Потоа двајцата избегале во непознат правец.

На 4 март, на сличен начин, осомничениот запрел такси возило на улицата „Џон Кенеди“, се качил во автомобилот и побарал да биде одвезен до еден хотел. Пристигнувајќи во близина на наведената локација, повторно со нож му се заканил на таксистот и одзел 1.500 денари и мобилен телефон вреден околу 8.500 денари.

Бидејќи постојат околности кои упатуваат на опасност од бегство, можност осомничениот да влијае врз сведоците/оштетените и веројатност тој да го повтори делото, надлежниот јавен обвинител до судијата за претходна постапка од Основниот кривичен суд Скопје достави предлог за определување мерка притвор за осомниченото лице.​

Читај Следно

10,348FansLike
2,319SubscribersSubscribe

Најнови Вести