7 C
Skopje
четврток, април 15, 2021
spot_img

ДУА ЛИПА СО ПРОВОКАТИВЕН НАСТАП НА “ГРЕМИ” ЈА ПОЛУДЕ ПУБЛИКАТА (видео)

25-годишната пејачка беше номинирана во шест категории, а освои Греми во само една.

Пејачката Дуа Липа (25) го привлече вниманието со својот заводлив и секси настап на 63-тото  доделување на музичките Греми награди. На доделувањето на наградите, што се одржа во Лос Анџелес во согласност со епидемиолошките мерки, пејачката се појави на сцената во розово издание и малку го зачини ова доделување, што поради пандемијата не беше слично на претходните.

Дуа Липа беше номинирана за шест награди и ги воодушеви обожавателите со изведбата на нејзините најголеми хитови “Levitating” i “Don’t Start Now”. Таа за прв пат излезе на сцената во преголем розов фустан покриен со дијаманти и го започна својот настап со побавна верзија на нејзиниот хит “Levitating”. После тоа, брзо се пресоблече во пурпурно сако и продолжи да настапува со раперот ДаБејби. Со првите тактови на нејзиниот хит “Don’t Start Now”, Дуа ја соблече јакната и остана само во розова долна облека и го направи најзборуваниот настап на синоќешното доделување на наградите, кој има над 700.000 прегледи на Јутјуб.

Читај Следно

10,348FansLike
2,319SubscribersSubscribe

Најнови Вести