5 C
Skopje
сабота, април 17, 2021
spot_img

Договорена е најголемата БОКС борба

Предизвикувачот Ентони Џошуа и бранителот на титулите Тајсон Фјури сепак ќе се сретнат во рингот.

Иако во последните денови се чинеше дека нема да има ништо од најбараната борба, а особено по изјавите на Тајсон Фјури, дојде до голем пресврт, пренесува „Sky Sports“.
Според информациите од Британија, Џошуа и Фјури потпишале договор за две борби за титулата светски шампион во тешка категорија.

Двајцата најдобри боксери денес беа во преговори во последните месеци, но сега се чини дека конечно ги решија условите на борбата, со датумот и местото на времето, на што инсистираше бранителот на појасот Тајсон Фјури.

Целата приказна ја потврди Еди Херн, доверливиот човек на Џошуа, кој за „Sky Sports“ изјави дека борците се договориле.

Сите учесници го ставија својот потпис на хартија. Ќе се обидеме да го потврдиме местото и датумот на најголемата борба во боксот во следните неколку недели – изјави Херн.

Читај Следно

10,347FansLike
2,319SubscribersSubscribe

Најнови Вести