Германија привремено ја прекина вакцинацијата со вакцината „AstraZeneca“ против COVID-19 откако откри седум случаи на тромбоза кај лица вакцинирани со вакцината, изјави германскиот министер за здравство Јенс Спан.
- Ова е многу ретко, рече Спан, осврнувајќи се на случаи на згрутчување на крвта во вените.
- Досега се пријавени седум случаи на тромбоза на церебрална вена, од 1,6 милиони вакцинирани (со вакцина „AstraZeneca“) во Германија“, додаде тој.
Германското Министерство за здравство објави дека ја прекинува вакцинацијата со таа вакцина по препорака на надлежниот институт.