6 C
Skopje
сабота, април 17, 2021
spot_img

ВАСИЛ ГАРВАНЛИЕВ НЕМА ШАНСИ ЗА ФИНАЛЕ – ТАКА ВЕЛАТ ОБЛОЖУВАЛНИЦИТЕ (фото)

Ѓон Тиарс швајцарскиот евровизиски претставник е најголем фаворит за победа на овогодинешаата Евровизија, според обложувалниците.

На два месеци пред почетокот на најголемото европско музичко натпреварување, обложувалниците му даваат речиси 20 % шанси за победа, а досегашните фаворити Литванија, Исланд и Италија сега константно паѓаат на листата.

Инаку, Ѓон Мухаремај, како што е неговото вистинско име, е роден во Швајцарија во 1998 година, татко му е од Косово, а мајка му од Албанија. Во интервју дадено минатата година рекол дека потеклото не е важно затоа што тоа не го дефинира човекот.„Евровизија е за оние кои се борат со идентитетот“, рекол тогаш.

Васил Гарванлиев, пак, судејќи според квотите на обложувалиците нема никакви шанси на Евровизија ни за финале, а не па за победа, и засега се наоѓа на 32 место.

Од екс ју-републиките засега најдобро котира хрватската претставничка Албина Грчиќ. Ураганките се на 30. место, а Словенците се претпоследни, односно на 39. место.

Читај Следно

10,347FansLike
2,319SubscribersSubscribe

Најнови Вести