Прајут Чан-оча, премиерот на Тајланд, ја прекинал прес-конференцијата и притоа смислил добар начин да избегне новинарски прашања, со тоа што почнал да ги прска новинарите со средство за дезинфекција.
Како што беше објавено се изнервирал од новинарско прашање за потенцијални кандидати за трите министерски места, пренесува Ројтерс.
Имено, тројца министри од неговата влада се уапсени минатата за учество на протести пред седум години и се обвинети за поттикнување бунт.
– Дали имате повеќе прашања – праша премиерот, а потоа тој ја напушти говорницата, зеде шише со средство за дезинфекција и започна да ги прска новинарите кои седеа во првиот ред, додека тој го покриваше лицето со маска.
Премиерот подоцна беше снимен како разговара со истите репортери кои претходно ги испрскал. Прајут, кој е познат по своите изливи на гнев кон новинарите, беше видно нервозен и за време на тој разговор и беше снимен како мрмори и повторно ги прска новинарите.