10.8 C
Skopje
петок, март 29, 2024

Фудбалер на Динамо позитивен на кокаин

Напаѓачот на романски Динамо Букурешт Магаје Геје бил позитивен на допинг тест по мечот против ФЦСБ во Купот на Романија. Геје бил избран заедно со уште двајца играчи на Динамо за допинг тест, а неговиот тест бил позитивен на кокаин!

Да биде работата уште поинтересна, самиот клуб Динамо побарал допинг тест за фудбалерот затоа што му била сомнителна неговата физичка форма.

Геје е роден во Франција, но има потекло од Сенегал и играл за младинските селекции на оваа африканска земја. Кариерата ја почнал во Стразбур, играл за Евертон, потоа за Милвол, турските Аданаспор и Османлиспор, како и Карабах од Азербејџан.

sportmedia.mk

Читај Следно

10,371FansLike
2,319SubscribersSubscribe

Најнови Вести