13 C
Skopje
недела, април 18, 2021
spot_img

Приведен сопственик на угостителски објект поради непочитување на мерките за спречување на ширење на Ковид 19

На 10.03.2021 во 19.10 часот, полициски службеници од СВР Тетово, во содејство со Државниот пазарен инспекторат извршиле контрола во угостителски објект на ул.„ЈНА“ во Тетово, сопственост на С.Г.(37) од Тетово. При контролата било констатирано дека не биле почитуваните протоколите за работа на угостителските објекти, односно на масите имало повеќе гости од дозволеното.
Сопственикот бил лишен од слобода и приведен во полициска станица, а по целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена пријава по член 206 од Кривичниот законик – „непостапување според здраствените прописи за време на епидемија“. 

Читај Следно

10,348FansLike
2,319SubscribersSubscribe

Најнови Вести