10 C
Skopje
четврток, април 15, 2021
spot_img

180 санкционирани возачи во Скопје, 36 за брзо возење, 18 за користење мобилен

Министерството за внатрешни работи во текот на вчерашниот ден (08.03.) продолжи со засилените акциски контроли во областа на сообраќајот.
Само на територијата на град Скопје изречени се вкупно 180 мерки, меѓу кои за непочитување на брзина на движење санционирани се 36 возачи, 17 санкции за возење без возачка дозвола, пет за возач почетник.

Изречени се 18 мерки за користење мобилен телефон, девет санкции за управување под дејство на алкохол, шест возачи се санкционирани за некористење сигурносен појас и 49 за непрописно паркирани возила.

Засилените сообраќајни контроли продолжуваат и во наредните денови. Апелираме до граѓаните да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи за да ја зголемиме безбедноста во сообраќајот. 

Читај Следно

10,348FansLike
2,319SubscribersSubscribe

Најнови Вести