11 C
Skopje
четврток, април 15, 2021
spot_img

Повторно истата приказна: Мицкоски се обидува да прогласи победа како и пред парламентарните избори

Секогаш кога ќе му стане густо на Мицкоски на сцена стапува истата стратегија со вадење на анкети каде што тој е апсолутен победник.
Токму на една недела пред изборите ИПИС излезе со анкета во која што навестуваше сигурно водство и победа на Мицкоски

Во анкетата што тогаш ја објави Институтот за политички истражувања од Скопје (ИПИС) за избори на 15ти јули во благо водство беше ВМРО-ДПМНЕ пред СДСМ.

Според ИПИС на изборите 21,9 отсто се определиле за ВМРО-ДПМНЕ, а коалиција СДСМ и Беса добила поддршка од 19,8 отсто, ДУИ има поддршка од 5,9 отсто, а за коалицијата Алијанса за Албанците и Алтернатива се определиле 4,2 отсто, Левица, 1,3 проценти и ДПА 0,9 отсто. Резултатите на 15 јули беа сосема различни.

Анкета на ИПИС 07.07.2020


Сега на нешто повеќе од две недели пред вонредниот конгрес на членовите на ВМРО-ДПМНЕ им се нуди нова анкета во која што повторно Мицкоски води пред Заев. Интересно е што константно во јавноста преку одредени медиуми и “институти” периодично се сервираат информации дека “владата само што не паднала”, “Мицкоски обезбеди ново парламентарно мнозинство”, “Мицкоски убедливо води на анкета пред Заев” и други наслови кои се објавуваат симптоматично паралелно со процесите во ВМРО-ДПМНЕ за Вонреден Конгрес и промена на Мицкоски.

Анкета на ИПИС 07.03.2021

Читај Следно

10,348FansLike
2,319SubscribersSubscribe

Најнови Вести