14 C
Skopje
среда, април 14, 2021
spot_img

Планот на Лапорта – иднината на Меси, продажба, засилувања, тренер…

После убедливата победа, Жоан Лапорта се врати на претседателското место во Барселона. Сега тргнув кон тешка борба, на враќање на тимот на шампионските патеки, а потоа и во „поход“ кон титулата во ЛШ.

Каталонскиот гигант сега во моментов е во тешка финансиска ситуација, а прва задача за Лапорта ќе биде еден играч. Станува збор за Лионел Меси кому на лето му истекува договорот, а пред неколку месеци најави заминување.

Аналитичарите сметаат дека токму Лапорта бил изборот и на самиот Меси.

„Гласањето на Меси е доказ колку му значи клубот. Да е еден Јохан Кројф тука, би му рекол да остане. Се зависи од него, а ја можам да ветам дека ќе му предложан нов договор“, рече Лапорта.

Еден од најголем предизвик за новиот претседател ќе биде да најде пари за нови играчи, но и нови договори за Роберто, Дембеле кои исто така влегуваат во последната фаза од договорот.

Шпанските медиуми јавуваат дека пари може ќе бидат најдени со продажбата на Умтити и Кутињо.

Во следниот преоден рок, не се очекуваат големи трансфери, а реално носење на играчи би можело да се случи само без отштета.

Серхио Агуеро и Ерик Гарсија од Сити се „таргети“ на првит човек, потоа Вајналдум и Депај. Се споменува и името на Давид Алаба, иако имаше големи шпекулации дека е веќе договорен со „кралевите“ од Мадрид.

Во Шпанија се уверени дека ќе дојде и до смена на тренерот. На местото на Куман, би требало да дојде Артета.

sportmedia.mk

Читај Следно

10,348FansLike
2,319SubscribersSubscribe

Најнови Вести