13.8 C
Skopje
петок, април 19, 2024

НБА не го менува логото во чест на Коби Брајант

Иако на социјалните мрежи овој момент зема огромен замав, а и дел од НБА екс и сегашните звезди тоа го побараа сепак, НБА лигата нема да го промени своето лого во чест на трагично загинатиот Коби Брајант.

Генералниот менаџер на лигата Адам Силвер изјави дека во моментов нема разговори за такво нешто.

„Во моментов НБА лигата нема разговара за вакво нешто. Нема ниту најава за промена на логото. Гестот е навистина за поздравување, но и моменталното лого е иконско со силуетата на Џери Вест. Во името на Коби Брајант е именувана наградата за МВП играчот на ол стар натпреварот“ – изјави Силвер.

sportmedia.mk

Читај Следно

10,371FansLike
2,319SubscribersSubscribe

Најнови Вести