21.8 C
Skopje
четврток, март 28, 2024

Еллмас на лето во Бенфика за 20 милиони евра?

Големи се шансите Елиф Елмас во јуни, по завршувањето на сезоната во Серија А да го напушти Наполи. Веќе долго време се шпекулира дека Бенфика е најзаинтересирана од сите оние клубови кои го посакуваат нашиот Дијамант, и ако стои таа понуда од 20 милиони евра, би можел Наполи да го пушти во португалскиот гигант.

Италијанските медиуми уште тврдат дека по лошата сезона на Наполи, челниците на клубот имаат намера да направат вистинска реконструкција на лето. А дека Елмас е еден од оние кои би можел да замине, се разбира со соодветна отштета, и поради фактот дека тој не успеал соодветно да се интегрира. Дека Наполи од него очекувал многу повеќе.

Можеби е и така, но факт дека Гатузо не му даваше доволно минутажа на Македонецот, па веријатно и тука е проблемот.

Да се потсетиме дека во изминатите шест и повеќе месеци, за услугите на Елмас, интерес пројавуваа и Лидс, Борусија Дортмунд, Борусија Менхенгладбах, Галатасарај…

sportmedia.mk

Читај Следно

10,371FansLike
2,319SubscribersSubscribe

Најнови Вести