4.8 C
Skopje
петок, април 19, 2024

Героски : Мицкоски доби со притворањето на Мијалков !

„Ситуацијата воопшто не е пријатна за Мицкоски. Иницијативата сериозно го вознемируваше и сега малку издиша поради Сашо Мијалков, бидејќи ја нема поддршката од главниот творец, инспиратор и организатор“ ги анализираше вчера актуелните политички случувања новинарот Бранко Героски кој посочи дека целата иницијатива за смена на Мицкоски всушност започнала преку објавување на отворените писма на Мијалков на порталот Плусинфо.

Според Героски, првиот човек на ВМРО-ДПМНЕ профитирал од притворот на Мијалков бидејќи ситуацијата би била поинаква доколку тој би бил активен.

Героски смета дека и без Мијалков ќе се оджи најавуваниот вонреден конгрес, а потоа фокусот ќе се прфрли на суд каде што двете страни ќе докажуваат кој има легитимитет.

Иако Мицкоски на последниот брифинг со уредници од медиумите се фалел дека имал водство на некои анкети, според Героски барањето на иницијативниот одбор за вонреден конгрес може да го исфрли од седло бидејќи топката е во неговиот двор и тоа е секогаш непријатно.

Во однос на пресудата за предметот Таргет-Тврдина, Героски смета дека едностраното информирање ги засенило аргументите на одбраната и однапред се создала атмосфера во која што е позната пресудата, со триумфализам на страна на обвинителството.

Героски смета дека е непобитен факт прислушкувањето од страна на УБК, но исто така смета дека од изведените докази не може да се исклучи и можноста, тоа да било делумно реализирано и од трета страна.

Според Героски, одговорност за целата работа постои кај поранешниот директор на УБК, но во конкретниот предмет најважно е тоа дали обвинителството обезбедило докази за делата кои му ги става на товар на Мијалков. За жал не може да се тврди дека случајот е чист и јасен и дека сите околности се поткрепени со докази.

Читај Следно

10,371FansLike
2,319SubscribersSubscribe

Најнови Вести