6.8 C
Skopje
понеделник, март 25, 2024

Весна Дамчевска Илиевска, поранешен пратеник и член на иницијативата за Вонреден Конгрес: Во корист на штетата на Мицкоски!?

Нека не Ве бранат веќе, нека си молчат! Кога Ве плукаа зад Ваш грб, јас никогаш не се придружив. Дури и се срамев од вокабуларот и прекарите што Ви ги ставаа. Сите знаат, на мегдан нема…Ама не се крие тоа што и Бог не го покрил. Се нема срам. Еве, јас, со сиот ризик дека пак ќе бидам “распната” од мои сопартијци, ама и сопартијки, со кои имаме различно мислење околу причините за поразите на ВМРО ДПМНЕ, ќе си кажам. Тие што сега најјако Ве бранат, најжестоко беа тогаш против вашето устоличување на чело на партијата. Срамно е да се каже што се’ Ви беше ставено на конто. Се прашувам, дали тогаш или сега се искрени…
Дрвја и камења по Вас, професоре Мицкоски. А сега божем бараат “спас,” за вас. Да Ве почитуваа ќе Ве советуваа Вие да го организирате вонредниот Конгрес и да си дадете Отчет. Пред тие што ви ја дадоа довербата и покрај сите лоши квалификации од тие што денес се одважија да ” Ве бранат”. Не сте нападнати. Повикани сте да направите храбар чекор. Така сите етикети и прекари ќе одат во историјата. Што е тоа што застана пак да не дели, да не корне и оддалечува еден од друг. Кој ја фрли пизмата што ги длаби браздите помеѓу македонскот национално ткиво. Дали можеме да се издигнеме над сите злоби и духовни глоби, без да се газиме и вака безмилосно сами да се поразиме. Има ли за тоа лек? Немојте со коров и какол. Не викајте го лошо семе, својот род. Да не си го валкаме веќе својот вредностен код!
Тоа е пат до обединувањето , тоа е чекор кон остварувањето на македонското национално единство што е есенцијална состојка на нашата партија ВМРО ДПМНЕ. Зошто некој е против тоа и си ги напаѓа своите сестри и браќа со кои заедно вградиле дел од себе, нека се запраша секој? На кого му оди во полза раздорот?
Жалам што и покрај бројните обуки од врвни институции, да не се навредуваме заради различното мислење, сепак нема позитивен исход. Но тука не завршува приказната. Ќе видиме, велеше Зулу племето и кога беше радост и кога имаше зло. Ќе видиме…

Читај Следно

10,371FansLike
2,319SubscribersSubscribe

Најнови Вести